| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода организирано го бодреше Вардар на мечот против Розенборг (видео)

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кисела Вода денеска организирано го следеше мечот од Лигата на Европа, во кој Вардар во својата историска сезона, сезона во која што македонски фудбалски клуб прв пат игра есен во Европа. Носителот на советничката листа натпреварот го гледаше во друштво на многу други луѓе, меѓу кои и кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, инаку поранешен водач на навивачката група „Комити“.

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Donnerstag, 28. September 2017

Како што напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук тие се собрале да му дадат поддршка на Вардар>

Ние сме #СекогашМакедонија, а особено #СекогашВардар!Вечерва сме како и секогаш сплотени и братски собрани, но овој пат причината не е политиката, туку нашиот шампион! Да им ја дадеме заслужената победа на црвено-црните! #НапредВардар #ЗаНашаКиселаВода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top