| четврток, 6 декември 2018 |

Физиотерапевтите на „Вардар“ спасиле патник на летот кон Виена

Димитар Маневски и Виктор Стојанов, физиотерапевтите на ракометниот клуб „Вардар“ му го спасиле животот на еден патник на летот од Скопје кон Виена.

Веднаш по полетувањето на авионот, на еден од патниците му се слошило, па двајцата физиотерапевти му притрчале на помош. Тие успеале да го стабилизираат, за да може безбедно да го издржи летот и слетувањето. По слетувањето патникот бил пренесен во болница во Виена, а тимот на „Вардар“ го продолжил патот кон Полска.

Тие денеска победија на својот прв натпревар во Лигата на шампионите против Висла Плоцк.

 

извор.скопјеинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top