| четврток, 6 декември 2018 |

Прв меч на „Ванда Метрополитано“: Гризман прв стрелец на новиот стадион за минимална победа на Атлетико

Фановите на Атлетико Мадрид вечерва го слават името на Антоан Гризман, кој им донесе нова победа на „јорганџиите“ во Примера. Францускиот ас беше стрелец на единствениот гол на вечерашното дерби против Малага (1-0), но овој гол со златни букви ќе биде запишан во историјата на мадридскиот клуб, бидејќи е прв во новиот дом, прекрасната арена „Ванда Метрополитано“.

Атлетико доминираше во текот на целиот меч, но тешко успеваше да создаде стопроцентна прилика за гол. Гризман конечно ја матираше одбраната на Малага во 61. минута по добро додавање на Кореа кој проби по десната страна. Атлетико можеше лесно да остане и без победа на отворањето на својот нов стадион, откако Ролан во финишот на мечот одлично шутираше кон нивниот гол, но за среќа, одлично реагираше Облак за да го зачува минималното водство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top