Предвидникот на Зенит, Роберо Манчини, по победата над Вардар со 5:0 во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа, изјави дека и покрај фаворитската улога, не сметал дека неговиот тим ќе има комплетна доминација над противникот.
Италијанскиот стручњак смета дека резултаот не е вистинска слика за квалитетот на „црвено – црните”.
-Одигравме одлично, дадовме многу голови и сметам дека заслуживме да славиме на овој меч. Не очекував ваков резултат. Ги гледав двата натпревари со Фенербахче и затоа сметам дека Вардар не заслужи да загуби со голема разлика. Овој резултат не е вистинска слика за квалитетот на Варадр. Што се однесува до нас, имаме многу нови играчи и сметам дека Лигата на Европа, како и првенството се исклучително важни за нас, па затоа погледот ќе ни биде насочен на двете полиња, изјави Манчини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.