Зенит нема милост во Скопје, Европа Лигата е сериозно натпреварување, а готите од Русија вечерва и на дело му го презентираат на македонскиот првак и дебитант Вардар. Веќе водат со 4:0, а има да се игра уште дваесеттина минути.
По Кокорин кој беше двоен стрелец и Ѕјуба, во 66. минута погоди и десниот бек на Зенит Бранислав Ивановиќ, по кардиналната грешка на Филип Гачевски.
Вардар дебитира во Европа Лигата и стартот ќе биде со пораз од Зенит.
фото:спорт.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.