| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ќе гради нов стадион во скопската населба Карпош!

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе добие нов стадион кој ќе се гради во скопската општина Карпош, на местото каде што сега игра второлигашот Локомотива, неофицијално дознава „Спорт1“ од извори блиски на општината.

Сопственикот на Вардар, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко одамна имаше намера да изгради нов, помал стадион каде што црвено-црните би ги играле натпреварите од домашното првенство. Проектот за изградбата бил готов, доставен до надлежните во општина Карпош, од каде што без проблем се согласиле да бидат домаќини на најголемото фудбалско име во Македонија. Остануваат само да се средат административни работи за да може да почне изградбата на новиот црвено-црн храм, за кој ќе треба да помогне и државата која би требало да отстапи дел од нејзиното земјиште околу теренот на Локомотива.

За сето ова потврда добиле и од спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев, кој изненаден дека информацијата протекла во јавноста, скромно изјави дека потребно е да се утврдат техничките детали за овој проект.

-Tочно е дека е во план да се гради стадион на таа локација, ама треба допрва да се утврдат сите технички детали, изјавил Панчев за Спорт1.мк.

извор:спорт1.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top