Македонскиот фудбалски шампион, тимот на Вардар се пласираше во групната фаза од Лига Европа, откако во плеј-оф квалифкациите „црвено-црните“ двапати беа подобри од турскиот гигант Фенербахче. Во Скопје со 2:0 и синоќа во Истанбул со 1:2.
На денешната ждрепка во Монако, Вардар влезе од последниот, четврт шешир, што значеше и дека за противници не може да ги добие тимовите кои се рангирани во ист круг како и македонскиот шампион.
Среќата сакаше Вардар да биде излечен последен, односно да влезе во групата каде преостанува единствено место. Црвено-црните ќе имаат тешка задача бидејќи за противници ги добија Зенит, Реал Сосеидад и Росенборг.
Група А: Вилјареал, Макаби тел Авив, Астана, Славија Прага
Група Б: Динамо Киев, Јанг Бојс, Партизан, Скендербеу
Група Ц: Брага, Лудогорец, Хофенхајм, Истанбул Башакшехир
Група Д: Милан, Австрија Виена, Ријека, АИК
Група Е: Лион, Евертон, Аталанта, АПОЛОН
Група Ф: Копенхаген, Локомотив Москва, Шериф, Злин
Група Г: Плзен, Стеауа, Хапоел бир Шева, Лугано
Група Х: Арсенал, Бате Борисов, Келн, Црвена Звезда
Група И: Салцбург, Марсеј, Виториа, Конјаспор
Група Ј: Атлетик Билбао, Херта, Зориа, Остерсунд
Група К: Лацио, Ница, Зулте Варегем, Витесе
Група Л: Зенит, Реал Сосиедад, Росенборг, Вардар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.