| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за здравство: Дел од повредените од сообраќајката кај Велес се пуштени дома

Еден дел од повредните од сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Скопје – Велес се пуштени на домашно лекување, а дел се задржани во болница, информираат од Министерството за здравство.

– Од Клиниката за ТОАРИЛУЦ информираат дека петмина пациенти се веќе пуштени дома и во моментов кај нив се хоспитализирани уште осум повредени лица од сообраќајната несреќа, од кои двајца се на лекување на одделението за ортопедија и петмина на КАРИЛ. Исто така на Клиниката за неврохирургија има еден хоспитализиран пациент, како и уште еден на Клиниката за торакална хирургија – се вели во соопштението од Министерството.

Од Клиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“ информираат дека во текот на денешниот ден дома ќе бидат пуштени тројца пациенти и во оваа здравствена установа остануваат уште двајца од повредените во сообраќајната несреќа.

Од Општа болница Велес информираат дека сите повредени се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top