| четврток, 6 декември 2018 |

Иванишевиќ и Навратилова дел од тимот на Би-Би-Си

Пензионираниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ (41) е ново засилување на „Би-Би-Си“ за преносот на овогодишниот Вимблдон.

Иванишевиќ, кој во својата кариера се запиша како победник на најреномираниот тениски турнир во 2001 година, е најмен од страна на „Би-Би-Си“ како експерт-коментатор за радиопреносот на мечовите, додека, пак, деветкратната победничка Мартина Навратилова ќе биде засилување на телевизискиот тим.

Вимблдон 2013 се најавува како најголемиот проект „Би-Би-Си“ во дигиталната ера, со рекордни 10 преноси во живо преку компјутери, таблети, мобилни телефони и телевизори.

Овогодишното издание на третиот гранслем во сезоната почнува на 24 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top