| четврток, 6 декември 2018 |

За „Би-Би-Си“ историскиот договор е во наводници: Личеше на свадба, едната страна се согласи да си го смени името!

Новинарот на Би Би Си , Гај де Лони опишувајќи ја ситуацијата во грчкото село Нивици каде што вчера беше потпишан договорот за името меѓу Македонија и Грција вели дека наликувала на свадба.

На тоа наведувал и белиот шатор подигнат на брегот на питорескното преспанско езеро.

-Едниот од учесниците се согласи да го смени своето име, пишува балканскиот коресподент во информацијата за договорот со кој Македонија ќе стане Северна Македонија.

Насловот на текстот е „Спорот со македонското име: Премиерите гледаа како министрите потпишуваа историски договор“  (Macedonia name dispute: PMs watch as ministers sign ‘historic’ deal)

Освен прикриениот британски хумор кој наведува на дилемата зошто не премиерите туку министрите потпишале договор кој што е историски, интересно е и тоа што зборот историски во насловот е ставен во наводници што алудира дека и за британскиот јавен сервис има нешто спорно во начинот на кој е „решен“ спорот за името.

 

извор: expres.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top