Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го отпушти целиот стручен штаб пред мастерсот во Мадрид, но изгледа, сепак, ќе има тим зад себе во Рим.
Со денови се шпекулира со имиња кој сѐ би можел да биде новиот тренер на Ѓоковиќ, а денеска и тој самиот откри за кого се работи. Дали намерно или случајно, Новак објави снимка на која се фали дека на тренинг му свратил ни повеќе ни помалку туку Горан Иванишевиќ.
Што барал Иванишевиќ на тренинг кај Ѓоковиќ не се знае, но веќе на цел глас се зборува дека токму тој ќе го врати Ѓоковиќ на светскиот трон.
Look who stopped by to join me and the boys for a training session in Roma! @OfficialGoran 🎾 pic.twitter.com/zypFNRJOoo
— Novak Djokovic (@DjokerNole) May 15, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)