| четврток, 6 декември 2018 |

Езџан Алиоски: Лидс ми го оствари сонот да играм во Англија

По одличните игри во швајцарски Лугано откако доби поофанзивна улога на теренот, еден од нашите најдобри фудбалски репрезентативци, Езџан Алиоски, летово ја промени клупската средина и потпиша за Лидс Јунајтед. Уште од самиот почеток на сезоната во Чемпионшип лигата, популарниот Џани ги собра симпатиите на навивачите, веќе запиша неколку асистенции, а успеа и да го освои признанието „Man of the Match“ на натпреварот против Сандерленд во саботата. Во интервју за „Република“ Алиоски говореше зошто го одбра толку Лидс, за импресиите и очекувањата од новиот клуб.

Летово стана нов играч на Лидс Јунајдет каде веќе одлично ја започна новата сезона. Како се чувствуваш во новит тим и какви се твоите импресии од клубот?

АЛИОСКИ: Среќен сум што трансферот се оствари. Да се игра за Лидс е голема чест и уште од првиот контакт што го имав со клубот, добив впечаток дека имаат амбиции и дека се сериозни и посветени во обезбедување на промоција во првата лига.

Во текот на летото беше поврзуван со повеќе клубови кои беа заинтересирани за твоите услуги. Што те натера да го одбереш токму Лидс од сите понуди?

АЛИОСКИ: Точно е дека имав неколку понуди од кои можев да бирам, но на крајот Лидс многу ми го олесни изборот. Пресреќен сум што сонот да играм во Англија ми се оствари и едвај чекам тука со напорна работа и тренинг да почнам да се подобрувам уште повеќе како фудбалер. Лидс навистина се потруди да ме ангажира, а земајќи во в предвид нивното педигре и историја како и условите кои ги имаат, изборот не беше тешко да се направи.

Лидс како тим со богата историја во Премиер Лигата, изминативе неколку сезони се труди да се врати во најсилната англиска лига. Кои се целите и амбициите на тимот за оваа сезона?

АЛИОСКИ: Главната цел е да се подобрат резултатите и достигнувањата од минатата сезона, што значи влегување во Плејофот. Сепак, во овој момент е прерано да се говори за промоција во Премиер Лигата. Чампионшип е навистина тешка лига, многу балансирана. Секој може да победи секого. Мислам дека е најдобро да се оди натпревар по натпревар, чекор по чекор, а добар старт во новата сезона секакко многу би ни помогнал.

Имаше одлична претходна сезона во Лугано во која постигна 16 гола. Мислиш ли дека можеш да го повториш овој резултат, имајќи го в предвид квалитетот на Чемпионшип дивизијата?

АЛИОСКИ: На крајот, до успехот мора да се дојде со тимски труд. Не се само моите игри во прашање, туку на целиот тим. Јас сепак ќе дадам се од себе да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели.

Полека но сигурно стануваш еден од најстандардите и најважните играчи во македонската фудбалска репрезентација. Според тебе, каква е иднината на националниот тим со оглед на тоа што по успехот на У-21 репрезентацијате, видовме дека има мнлади и талентирани фудбалери кои можат да придонесат во иднина?

АЛИОСКИ: Можам да кажам дека стануваме се подобри со секој следен натпревар. И селекторот редовно се труди да им дава шанса на младите играчи во репрезентацијата, што секако ќе помогне во идинина. Јас лично едвај чекам на квалификациите за Европското првенство 2020.


Разговараше: Горан Зивчевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top