| четврток, 6 декември 2018 |

Чедомир Јаневски стигна во Скопје – Денес ќе биде претставен како нов тренер на Вардар?

Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски вчера пристигна во Скопје каде што доаѓа на покана на раководството на ФК Вардар за да ја преземе функцијата тренер по оставката на Гоце Седлоски.

 По заминувањето на Седлоски промоцијата на нов тренер во Вардар е закажана за денеска, а Јаневски е најсериозниот кандидат за преземање на шампионот кој е во исчекување на првиот натпревар против Фенербахче кој се игра во рамки на плеј-офот во Лигата на Европа.

Доколку најавите се остварат и Јаневски се врати во клубот, тоа за него ќе биде втора авантура во Вардар, или прва како тренер. Претходно, Јаневски беше дел од Вардар од 1982 до 1989 година, а за тимот одигра 160. натпревари и постигна 9 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top