| четврток, 6 декември 2018 |

Младинките загубија и од Србија, Македонија заврши на дното на ЕП во Словенија

Македонската ракометна репрезентација до 19 години доживеа уште еден пораз на Европското првенство што се одржува во Словенија.

Девојките на Борче Марковски попладнево го загубија и последниот натпревар на овој собир, откако тотално потфрлија во финишот од мечот со Србија и на крај беа поразени со 24-21. Мечот започна со борбена игра од страна на двете селекции, резултатот наизменично се менуваше за на полувреме да се замине со предност на Србија од +2 (10-2). Во вториот дел нашите девојки заиграа далеку поквалитетно, во  еден момент имаа и предност од +4 (19-15), но во самиот финиш Србинките ги искористија нашите грешки и со серија од 7-0 ја најавија победата која на крај беше извојува со 24-21.

Со овој пораз кој за младинките е седми од исто толку натпревари, Македонија се пласира на последното, 16. место на овој европски собир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top