Македонската ракометна репрезентација до 19 години доживеа уште еден пораз на Европското првенство што се одржува во Словенија.
Девојките на Борче Марковски попладнево го загубија и последниот натпревар на овој собир, откако тотално потфрлија во финишот од мечот со Србија и на крај беа поразени со 24-21. Мечот започна со борбена игра од страна на двете селекции, резултатот наизменично се менуваше за на полувреме да се замине со предност на Србија од +2 (10-2). Во вториот дел нашите девојки заиграа далеку поквалитетно, во еден момент имаа и предност од +4 (19-15), но во самиот финиш Србинките ги искористија нашите грешки и со серија од 7-0 ја најавија победата која на крај беше извојува со 24-21.
Со овој пораз кој за младинките е седми од исто толку натпревари, Македонија се пласира на последното, 16. место на овој европски собир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.