| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА објави кога Фенербахче и Милан ќе гостуваат во Скопје

Македонскиот фудбалски првак Вардар за противник го доби турски Фенербахче, а Шкендија италијанскиот гигант Милан, одлучни денешната ждрепка за плеј-офот во Лига Европа. Во Нион почетната ждрепка одреди дека и Вардар и Шкендија треба да бидат домаќини на 17. август, поради што мораше да интервенира и УЕФА и да одлучи кој натпревар ќе биде преместен за една седмица подоцна.

УЕФА соопшти дека Фенербахче прв ќе гостува во Скопје на Арената „Филип Втори“, каде на 17. август ќе му гостува на Вардар во првиот натпревар од плеј-офот.

На 24. август пак ќе пристигне Милан, кој прв ќе ја пречека Шкендија на 17. август, каде Хасани, Ибраими и компанија ќе можат да ја почувствуваат атмосферата на „Сан Сиро“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top