| четврток, 6 декември 2018 |

Скратен списокот, Вардар на градски може да ги пречека Ајакс, Динамо Загреб, Бате Борисов…

Македонскиот шампион Вардар би можел да игра против холандскиот гигант Ајакс во плејоф-колото од Лигата на Европа. „Црвено-црните“ се најдоа меѓу неносителите во групата два, па скусениот избор на можни ривали за нив покрај Ајакс се и Фенербахче, Лудогорец, Динамо Загреб и Макаби Тел Авив.

Секако дека Ајакс и Фенербахче се најатрактивните ривали, додека Лудогорец, Динамо Загреб, со кој Вардар имаше дуели минатата година и во квалификациите за ЛШ, и Макаби Тел Авив, Бате Борисов се клубови со кои нашиот првак би имал повеќе шанси за пласман во групната фаза од ЛЕ. Првите натпревари ќе се играат на 17 август, а реваншите на 24 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top