| четврток, 6 декември 2018 |

Животна драма на поранешниот руски тенисер: За родител е најтешко кога детето му се дрогира

Поранешниот прв светски рекет, Евгениј Кафелников минува низ тешки семејни проблеми поради неговата ќерка Олесија. Кафелников преку социјалните мрежи се пожали дека неговиот живот повеќе нема никаква смисла.

-Јас сум во пекол. Не се срамам овде да коментирам за ситуацијата. Јас сум виновен за се и кога ќе го сфатите тоа како родител тоа е најтешко од се. Но, не го заслужуваме тоа“ – напиша поранешниот руски тенисер.

Неговата ќерка Олесија која работи како фото-модел, неодамна поминувала низ турбулентен период во животот и посегнала по наркотици. Минатата година таа се бореше со анорексија, а кога полека и се нормализира животот, посегнува по дрога.

-Мојот живот повеќе нема смисла. Минатата година кога Олесија имаше 52 килограми бев среќен. Беше толку убава и конечно почна да изгледа како вистинска жена. А што се случува сега? Строго сум против такво нагло губење на тежината. За жал таа не ме слушаше, очаен е Евгениј Кафелников.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top