Раул Гонзалез, стратегот на Вардар, првпат ги построи ракометарите пред стартот на новата сезона.
Шпанецот ги имаше на располагање сите ракометари, вклучувајќи го и новото засилување Даинис Кристопанс, а вели дека „црвено-црните“ ги очекува пеколно тешка сезона, поради одбраната на европскиот трон.
– Имаме едно ново име во Кристопанс, како и тројца ракометари од младинскиот погон. Немаме многу време да се подготвуваме на вистински начин затоа што треба да играме на Супер глоуб во Катар. Јас мислам дека треба да се подготвуваме повеќе ракометно, а помалку да одиме на физички план. Очекувам многу тешка сезона, можеби двојно потешка, затоа што се знае дека кога победуваш во ЛШ, следната сезона секогаш e потешка. Имаме многу време да мислиме на таа тема, само треба да се подготвуваме за Супер глоуб засега. Тоа е првиот фокус. Тоа е многу важен турнир за нас – изјави Раул на првата прозивка.
Покрај Кристопанс, дел од првиот тим на Вардар на прозивката беа и Поповски, Ончев и Ѓорѓевски од екипата на Вардар Јуниор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.