| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во бутик на Хуго Бос: Огледало падна врз дете

hugo boss

Четиригодишно дете почина откако врз него падна огледало во продавницата на Хуго Бос во Оксфордшир.

Момчето од огледалото првично се здобило со тешки повреди, а починало во болчница утрово, четири дена по несреќата.

Семејството на момчето било на шопинг во четвртокот вечерта околу 21 часот кога се случила несреќата. Екипа на Итна помош веднаш пристигнала во продавницата на Хуго Бос и го префрлиле во болница.

Полицијата не го именува момчето се уште додека не им се соопшти на роднините за неговата смрт.

Истрагата за случајот е во тек, но досега нема уапсени. Полицијата упати апел до граѓаните кои таа вечер биле во продавницата да дадат изјава за да помогнат во истрагата која е од многу чувствителен акрактер.

Обдукцијата врз детето ќе биде направена неделава.

Британските медиуми јавуваат дека бутикот на Хуго Бос е привремено затворен, а се уште не е познато кои димнезии било огледалото што паднало врз детето и кои биле околностите за несреќата.

Одговорноста за безбедноста на инвентарот во овој бутик и во сите продажни објекти паѓа на сопствениците и на локалните власти кои ги пропишуваат безбедносните стандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top