| четврток, 6 декември 2018 |

Грнчаров: Нема да се браниме од Копенхаген

Очекувањата пред натпреварот против Копенхаген ги кажа и капитенот на екипата, Бобан Грнчаров. Стрелецот за македонскиот првак на претходниот меч во победата од 3-1 против Малме вели дека Вардар нема да излезе на терен да се брани, туку ќе тргне офанзивно.

-Добро го анализиравме Копенхаген. Се работи за квалитетна екипа, со корпулентен шпиц кој е нивната најголема опасност. Вардар утре треба да нападне, не треба да се брани. Играме пред наша публика. Ако успееме да постигнеме гол повеќе од Копенхаген и таму да заминеме со гол повеќе, ќе биде навистина добро за нас. Не треба да му дозволиме на противникот да игра внатре во нашиот шеснаесетник, затоа што тие се најопасни таму. Треба да ги држиме надвор од него-изјави Грнчаров.

Натпреварот меѓу Вардар и Копенхаген се игра утревечер од 20.00 часот, на „Телеком арената“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top