| четврток, 6 декември 2018 |

Давитков: Без разлика на победата, грешките мора да ги сведеме на минимум

Македонија на стартот на „Трофеј Македонија“ ја совлада Португалија, а стратегот на нашиот национален тим, Јорданчо Давитков е делумно задоволен од средбата. Вели дека одбраната била на ниво, но сепак, има замерка за нападите.

– Во одбрана игравме доста добро, квалитетно, агресивно. Колку игравме добро во нападот, толку имавме проблеми во нападите. Имавме 12 грешки во прво полувреме. што е премногу за еден сериозен меч. Вкупно, грешките се над 20, што навистина е премногу. Имавме исто така слаб процент на шут. Но, генерално, задоволен сум од ангажираноста на играчите. Задоволен сум што прикажаа на паркетот, сите добија шанса, не може да им замериме. Се надевам дека на наредниот меч ќе бидеме подобри – изјави Давитков.

Наредниот меч на „Трофеј Македонија“ нашата репрезентација го игра утре, кога за противник ја имаме селекцијата на Холандија која на првиот меч загуби од БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top