| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар – Копенхаген за 200 и 300 денари на јужна и западна трибина

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го прифати барањето на македонскиот првак Вардар дуелот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите против Копенхаген да се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје.

„Црвено-црните“ ќе го пречекаат Копенхаген на 25 јули во Скопје, a управата на Вардар реши, билетите за овој меч да се продаваат по 300 денари за Јужната трибина и 200 денари за Запад. На Северна и Источна трибина се прават подготовки за дуелот од Суперкупот на Европа, кој ќе се игра на 8 август и затоа тие две трибини ќе останат затворени за мечот меѓу Вардар и Копенхаген.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top