Пред крај на 2000 година, синот на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, Стефан, беше киднапиран. Тој настан го одбележи неговото растење, но сега после 17 години се присетил на тој момент и прв пат кажа што го потсетува на тоа.
-Се што ни се случува треба да го гледаме од позитивната страна. Се што јас сфатив е дека треба да уживаме секој ден, бидејќи никогаш не знаете што ќе ви се случи-нагласил Стефан.
Сепак тој не сака да посветува посебно значење и да го свртува вниманието на јавноста на тие моменти од своето минато.
-Не сакам да зборувам за тоа, не затоа што имам трауми, тоа одамна го надминав, туку не доаѓам во емисиите за да луѓето не ме жалат„леле, види го кутриот што му се случило“-шеговито нагласил младиот Живоиновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.