| четврток, 6 декември 2018 |

Седлоски: Нѐ очекува уште потежок меч од првиот во Шведска

Екипата на Вардар Попладнево во Струмица со почеток од 18 часот го игра реваншот против Малме во Лигата на шампионите, меч на кој ќе влезе со позитивен резултат 1-1 остварен минатата седмица во Шведска.

Тој резултат беше доволен да се зголеми самодовербата кај „црвено-црните“ кои сега на домашен терен имаат можност да направат исчекор и по подолга пауза да минат една квалификациска рунда во Лигата на шампионите.

– Имаме добар и активен резултат од Малме, ама денеска не очекува уште еден тежок, можеби уште потежок натпревар од првиот. Ривалот ќе направи сè за да дојде до посакуваниот резултат. Тој дуел во Малме беше само едно полувреме од овој двомеч, сега следува уште едно во кое влегуваме максимално подготвени, концентрирани, а играчи се подготвени да го дадат максимум. Ќе дадеме се од себе да ја израдуваме публиката која ќе дојде во Струмица. Играчите се спремни да го дадат максимумот и да остварат еден добар резултат кој ќе ги однесе во следната фаза од Лигата на шампионите – истакна на денешниот прес тренерот Гоце Седлоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top