| четврток, 6 декември 2018 |

Јужниот сосед слеп и глув во Македонија

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

По ре­чи­си две де­це­нии не­за­вис­ност Ма­ке­до­ни­ја ус­пеа да ја не­у­тра­ли­зи­ра сил­на­та мре­жа на со­ра­бот­ни­ци на грч­ки­те тај­ни служ­би во зем­ја­ва. Овие ин­фор­ма­ции, се­пак, не ги об­ја­ву­ва­ат ма­ке­дон­ски­те ин­сти­ту­ции, кои мол­чат за овој вид конф­ликт, кој е при­су­тен од пр­ви­от мо­мент ко­га Гр­ци­ја во осум­де­сет­тие го­ди­ни на два­е­сет­ти­от век ан­ти­ци­пи­ра за соз­да­ва­ње не­за­вис­на ма­ке­дон­ска др­жа­ва.

spioni-1

Со об­ја­ву­ва­ње на дел од тај­ни­те пре­пи­ски ме­ѓу ви­со­ки грч­ки прет­став­ни­ци од стра­на на „Ви­ки­ликс“ поч­ну­ва и откри­ва­ње на по­да­то­ци­те за рас­па­дот на грч­ка­та тај­на мре­жа во Ма­ке­до­ни­ја. Нив ги об­ја­ву­ва­ат по­ра­неш­ни и се­гаш­ни опе­ра­тив­ци на служ­би­те пре­ку ме­ди­у­ми и бло­го­ви во Гр­ци­ја. Дел од нив се не­за­до­вол­ни од на­чи­нот на кој нив­на­та др­жа­ва, од ап­со­лут­но нај­ор­га­ни­зи­ра­на­та си­ла во ре­ги­о­нот на тој план, пре­рас­ну­ва во служ­ба без очи и уши, што мо­же зна­чи­тел­но да ја вло­ши без­бед­нос­на­та со­стој­ба. И по­крај дол­го­го­диш­но­то членс­тво­то во НАТО и во ЕУ, Гр­ци­ја, спо­ред мно­гу­ми­на, има чуд­на на­ви­ка, во не­што поб­ла­га фор­ма од ре­жи­мот на Ен­вер Хо­џа, сѐ уште да ги пла­ши сво­и­те гра­ѓа­ни де­ка нај­го­ле­ма­та опас­ност за зем­ја­та ле­жи во те­ри­то­ри­јал­ни­те пре­тен­зии на сво­и­те со­се­ди Тур­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја и Ал­ба­ни­ја.

Гр­ци­те не ку­пу­ва­ле ма­ке­дон­ски фир­ми на сле­по

Во под­го­то­вки­те на при­ва­ти­за­ци­ја­та на го­лем дел од ма­ке­дон­ски­те сто­пан­ски суб­је­кти, осо­бе­но во пер­и­о­дот од 1998 го­ди­на до 2004 го­ди­на, актив­но учес­тво има­ле и аген­ти и ана­ли­ти­ча­ри на грч­ки­те служ­би, кои ко­ри­стеј­ќи раз­уз­на­вач­ки ме­то­ди и кон­та­кти има­ле точ­ни соз­на­ни­ја за со­стој­ба­та на ком­па­ни­и­те и на па­за­рот, ка­ко и за про­фи­тот што мо­жел да се на­пра­ви со ку­пу­ва­ње ус­пеш­ни ма­ке­дон­ски фир­ми во та­ка­на­ре­че­ни­те стра­те­ги­ски се­кто­ри. Во овој пер­и­од, грч­ки ком­па­нии вле­гоа во повеќе од 200 по­ма­ли и сред­ни фир­ми, кои по­доц­на им до­не­соа огро­мен при­хо­ди на но­ви­те сопс­тве­ни­ци. Дел од нив сво­и­те про­из­во­ди ги про­да­ва­ат и на Ко­со­во и во це­ли­от ре­ги­он. Зо­што ни­кој во Ма­ке­до­ни­ја не мо­же­ше да пред­ви­ди де­ка про­даж­ба­та на стра­те­ги­ски сто­пан­ски суб­је­кти на стран­ци е гре­шка, сѐ уште оста­ну­ва ениг­ма.

А, ток­му со­ра­бот­нич­ки­те мре­жи на грч­ка­та во­е­на служ­ба во овие три зем­ји е во рас­пад ако мо­же да им се ве­ру­ва на ни­за ме­ди­у­ми и бло­го­ви, кои во ми­на­то­то по­ка­жа­ле де­ка има­ат пре­циз­ни ин­фор­ма­ции за со­стој­ба­та на те­рен. Име­но, дел од овие ме­ди­у­ми, кои не­ре­тко се фор­ми­ра­ни или фи­нан­си­ра­ни од са­ми­те служ­би со цел да вли­ја­ат на јав­но­ста или да ги ма­ни­пу­ли­ра­ат ин­фор­ма­ции од та­ен ка­ра­ктер, се­га сѐ по­че­сто ли­фе­ру­ва­ат ин­фор­ма­ции спо­ред кои Гр­ци­ја ве­ќе го не­ма моќ­ни­от си­стем од со­ра­бот­ни­ци во др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, дип­ло­ма­ти­ја­та и ме­ди­у­ми во со­сед­ни­те зем­ји. Спо­ред нив, рас­па­дот на мре­жа­та на со­ра­бот­ни­ци поч­ну­ва во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни, од по­че­то­кот на фи­нан­си­ска­та кри­за и вле­зот на но­ви лу­ѓе во служ­би­те за без­бед­ност, кои че­сто и отво­ре­но до­а­ѓа­ат во конф­ликт со ка­дри­те актив­ни уште од вре­ме­то на Ка­ра­ман­лис или ду­ри и на ста­ри­те ли­де­ри Па­пан­дреу По­ста­ри­от, Ми­цо­та­кис и Си­ми­тис. Ина­ку, Гр­ци­ја, исто ка­ко и Бу­га­ри­ја, во Ма­ке­до­ни­ја не е актив­на пре­ку сво­и­те ци­вил­ни служ­би за без­бед­ност ту­ку пре­ку На­ци­о­нал­на­та служ­ба за раз­уз­на­ва­ње (ЕИП), ко­ја иа­ко на ни­во на ди­ре­кто­ри е во­де­на од ци­вил­ни ли­ца, во сво­ја­та актив­ност ко­ри­сти во­е­ни ме­то­ди и вна­треш­на по­ста­ве­ност. Ова е крај­но не­во­о­би­ча­е­но и во ме­ѓу­на­род­ни рам­ки за­тоа што во­е­ни­те служ­би се актив­ни во си­ту­а­ци­ја ко­га ед­на зем­ја има ди­рект­на за­ка­на за во­ен конф­ликт од дру­га зем­ја, а Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред ни­е­ден поз­нат кри­те­ри­ум, не мо­же да се сме­сти во ка­те­го­ри­ја­та – отво­ре­на за­ка­на за конф­ликт. Слич­но на Гр­ци­ја, и Бу­га­ри­ја и Ал­ба­ни­ја, и по­крај при­ја­тел­ски­те од­но­си, зем­ја­ва ја „по­кри­ва­ат“ пре­ку сво­ја­та во­е­на а не ци­вил­на тај­на служ­ба.

Трој­ца грч­ки шпи­о­ни откри­е­ни во Тур­ци­ја

Де­бак­лот на грч­ки­те тај­ни служ­би е уште по­го­лем во Тур­ци­ја откол­ку во Ма­ке­до­ни­ја, твр­дат до­бро­ин­фор­ми­ра­ни­те грч­ки бло­ге­ри. Ка­ко при­мер во овој пра­вец се спо­ме­ну­ва ап­се­ње­то на трој­ца грч­ки аген­ти во Истан­бул, при што за ед­ни­от се на­ве­ду­ва де­ка по­чи­нал во за­твор во Тур­ци­ја, а за дру­ги­те двај­ца не­ма по­да­то­ци ка­де се во мо­мен­тот. Ап­се­ње­то на трој­ца­та аген­ти на На­ци­о­нал­на­та служ­ба за раз­уз­на­ва­ње, спо­ред ме­ди­у­ми­те, зна­че­ло крај на нај­го­ле­ми­от дел од со де­це­нии етаб­ли­ра­на­та грч­ка мре­жа во Тур­ци­ја, на ко­ја се по­тро­ше­ни сто­ти­ци ми­ли­о­ни до­ла­ри цр­ни па­ри.

Спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те, рас­па­дот на грч­ки­от раз­уз­на­вач­ки окто­под во ре­ги­о­нот и во Ма­ке­до­ни­ја поч­ну­ва со ели­ми­на­ци­ја на ви­сок со­ра­бот­ник на служ­би­те во Скоп­је ми­на­та­та го­ди­на, по што во не­кол­ку на­вра­ти од грч­ки за­тво­ри, ка­ко на при­мер од за­тво­рот во Три­ка­ла, во сѐ уште не­рас­чи­сте­ни окол­но­сти, бе­га­ат де­се­ти­на ал­бан­ски др­жав­ја­ни осу­де­ни за те­шки зло­сторс­тва. При­тоа ни­кој од тие што твр­дат де­ка ме­ѓу два­та на­ста­на има по­вр­за­ност, ка­ко на при­мер бло­гот greece-salonika.blogspot.com, не да­ва пре­циз­ни ин­фор­ма­ции за вр­ска­та ме­ѓу грч­ки­от опе­ра­ти­вец во Ма­ке­до­ни­ја со ал­бан­ски­те за­тво­ре­ни­ци. Со овие два слу­ча­ја, твр­ди бло­гот, во ре­ги­о­нот поч­ну­ва ин­тен­зив­на не­вид­ли­ва вој­на ме­ѓу шпи­о­ни­те и вал­ка­ни­те деј­но­сти на тај­ни­те служ­би во ре­ги­о­нот.

Спо­ред Ге­ор­ги­ос Фи­ли­пи­кис и ни­ско­ти­раж­ни­от вес­ник „Ела­да“ на Гр­ци­ја во мо­мен­тов ѝ се слу­чу­ва се­ри­оз­на кри­за на ова по­ле при што за тоа се об­ви­ну­ва прет­ход­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја на ЕИП, ко­ја доз­во­ли­ла во де­ло­ви во грч­ки­от пе­чат да би­де обе­ло­де­не­та це­ла­та шпи­он­ска мре­жа што по­стои во со­сед­на­та зем­ја, ов­де се мис­ли на Ма­ке­до­ни­ја, а ко­ја, спо­ред вес­ни­кот, е пред­во­де­на од грч­ки биз­нис­мен акти­вен на по­ле­то на обра­зо­ва­ни­е­то.

Спо­ред де­ло­ви од грч­ки­те ме­ди­у­ми и бло­го­ви, ни Ма­ке­до­ни­ја не е па­сив­на на ова по­ле. Во тек­сто­ви­те на оваа те­ма се твр­ди де­ка офи­ци­јал­но Скоп­је се оби­ду­ва во Гр­ци­ја да вли­јае пре­ку две нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, кои се за­ла­га­ат за сло­бо­да на изра­зу­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Грч­ки­те служ­би се сом­не­ва­ат де­ка во овие актив­но­сти Ма­ке­до­ни­ја до­би­ва под­др­шка од тур­ски ин­ста­ла­ции во зем­ја­та, кои има­ат иста цел ка­ко и ма­ке­дон­ски­те, а тоа е до­би­ва­ње по­ве­ќе пра­ва за мал­цинс­тва­та, кои, со иск­лу­чок на мус­ли­ма­ни­те, не­ма­ат ни­ка­кво пра­во на ко­ри­сте­ње мај­чин ја­зик или дру­ги вер­ски и обра­зов­ни пра­ва.

Спо­ред об­ја­ве­ни­от из­ве­штај, „спо­ме­на­та­та гру­па што се во­зе­ше во ком­би­то, во те­кот на сле­де­ње­то на цел­та, ко­му­ни­ци­ра­ше пре­ку те­ле­фон со дру­ги со­ра­бот­ни­ци. Ова во­зи­ло бе­ше за­бе­ле­жа­но на бу­ле­вар Ма­ра­тон на ри­дот Пи­кер­миу и се про­це­ну­ва де­ка ја за­бе­ле­жу­ва бр­зи­на­та на по­вор­ка­та, при­друж­ни­те авто­мо­би­ли, чле­но­ви на при­друж­ба­та и слич­ни по­да­то­ци. Исто та­ка, на иста­та точ­ка (бу­ле­вар Ма­ра­тон на ри­дот Пи­кер­миу), ка­ко во март, та­ка и во април, е иден­ти­фи­ку­ва­но во­зи­ло тип ком­би, мар­ка „форд тран­зит“, со те­гет бо­ја, со грч­ки таб­ли­ци (ка­ко што е иден­ти­фи­ку­ва­но, лаж­ни).

zgrada-grcka-tajna-sluzba

До­ку­мен­ти­те на „Ви­ки­ликс“ го откри­ја и за­го­во­рот за „атен­тат врз Ка­ра­ман­лис“

Слу­ча­јот за обид за убис­тво, кој Ру­си­те твр­дат де­ка се под­го­тву­вал про­тив Кон­стан­ти­нос Ка­ра­ман­лис во 2008 го­ди­на, пре­диз­ви­ка сен­за­ци­ја во грч­ка­та јав­ност, но сѐ уште не­ма пре­циз­ни ин­фор­ма­ции кол­ку има ви­сти­на во при­каз­на­та об­ја­ве­на во не­кол­ку ме­ди­у­ми. Во до­ку­мен­тот на ЕИП, об­ја­вен во „Епи­ка­и­ра“ (Επίκαιρα), грч­ки­те ана­ли­ти­ча­ри на служ­ба­та се ре­зер­ви­ра­ни во вр­ска со ва­лид­но­ста на те­зи­те на про­ру­ски­те опе­ра­тив­ци. Во днев­ни­от бил­тен на ЕИП од 5 фе­вру­а­ри 2009 го­ди­на се ве­ли де­ка ра­бот­на гру­па од 19 чле­на на ФСБ (Ру­ска­та фе­де­рал­на служ­ба за без­бед­ност), ко­ја дејс­тву­ва во Ати­ка од март 2008 го­ди­на со цел „обид за прис­лу­шу­ва­ње“ раз­го­во­ри што се во­де­ле ме­ѓу Ка­ра­ман­лис, Пу­тин и Пр­ва­нов во овој пер­и­од, еви­ден­ти­ра­ла де­ка за вре­ме на па­ту­ва­ње­то на грч­ки­от пре­ми­ер од сво­е­то жи­ве­а­ли­ште во Ра­фи­на до сво­ја­та кан­це­ла­ри­ја, е иден­ти­фи­ку­ва­но во­зи­ло тип ком­би, мар­ка „то­јо­та хи­ас“, со бо­ја на крем, кое се дви­жи по­сто­ја­но во те­кот на на­ве­де­но­то дви­же­ње по дол­жи­на на оваа па­те­ка и сѐ до ви­со­чи­на­та на ули­ца­та Ати­ки кај олим­пи­ски­от ста­ди­он. Во ова во­зи­ло, кое има грч­ки таб­ли­ци (ка­ко што е иден­ти­фи­ку­ва­но, лаж­ни) се пре­ве­зу­ва­ат нај­че­сто три-че­ти­ри лу­ѓе. Цел­та на сле­де­ње­то (на Ка­ра­ман­лис) се ка­ра­кте­ри­зи­ра ка­ко про­фе­си­о­нал­но и се ин­тен­зи­ви­ра од по­че­то­кот на април 2008 го­ди­на.

Во из­ве­шта­јот се твр­ди де­ка од истра­жу­ва­ње­то на гру­па­та за „сле­де­ње“ на ФСБ на пат­ни­ци­те на на­ве­де­ни­те во­зи­ла, про­из­ле­зе де­ка по­себ­но ком­би­то, мар­ка то­јо­та хи­ас“, крем бо­ја, обич­но се пре­ве­зу­ваа че­тво­ри­ца ма­жи, од кои трој­ца цр­но­мур­ни (не црн­ци, б.н.) и еден со ка­фе­на ко­са, во ком­би­то мар­ка „форд тран­зит“, трој­ца ма­жи и во авто­мо­би­лот мар­ка БМВ, две же­ни. Вкуп­ни­от број на учес­ни­ци во те­кот на це­ли­от про­цес на сле­де­ње се про­це­ну­ва на 20 чле­но­ви, кои не при­па­ѓа­ат на про­сто­рот што го сле­деа. За вре­ме на прис­лу­шу­ва­ње­то на те­ле­фон­ски­те раз­го­во­ри е кон­ста­ти­ра­но де­ка пат­ни­ци­те на овие во­зи­ла збо­ру­ваа грч­ки, до­де­ка кон­сул­та­ци­и­те ме­ѓу раз­лич­ни­те гру­пи се ос­тва­ру­ва­ше пре­ку мо­бил­ни те­ле­фо­ни. На прет­ход­но спо­ме­на­та­та сред­ба на три­те во­зи­ла во Ха­лар­гу (по­че­ток на ју­ни 2008 го­ди­на), се утвр­ди и при­сус­тво­то уште на две ли­ца (мла­ди лу­ѓе), кои, спо­ред про­це­ни­те, беа Евро­пеј­ци, се чи­ни со бри­тан­ско по­тек­ло.

При уви­дот на во­зи­ла­та што дош­ле во бли­зок кон­такт со гру­пи­те за сле­де­ње би­ле про­нај­де­ни хар­тии во кои би­ле за­бе­ле­жа­но пла­но­ви­те на сред­би­те на гру­па­та за сле­де­ње и под­др­шка, ма­пи во об­ла­ста, двог­лед со ноќ­но наб­љу­ду­ва­ње, експ­ло­зив Ц-4, оруж­је „то­ка­рев“ и „ка­лаш­ни­ков“, ма­скир­ни ма­те­ри­ја­ли (но­ви и иско­ри­сте­ни), ко­му­ни­ка­ци­ски си­сте­ми син­хро­ни­зи­ра­ни на френ­квен­ци­ја­та на грч­ка­та по­ли­ци­ја, да­ле­чин­ски упра­ву­вач, хра­на и пла­но­ви.

Спо­ред ана­ли­за­та на грч­ки­те служ­би и цен­та­рот на ФСБ во Мос­ква, по­да­то­ци­те по­ка­жу­ва­ат де­ка се ра­бо­ти за ор­га­ни­зи­ран план за сле­де­ње на цел­та (пре­ми­е­рот Ка­ра­ман­лис) ор­га­ни­зи­ран од стра­на на за­пад­ни раз­уз­на­вач­ки служ­би со учес­тво на при­пад­ни­ци на служ­ба­та на Изра­ел. Спо­ред нив, пла­нот бил спро­ве­ден, глав­но, од Гр­ци, а цел­та би­ла отка­жу­ва­ње или од­ло­жу­ва­ње на енер­гет­ска­та по­ли­ти­ка на зем­ја­та.

Спо­ред ана­ли­за­та, ли­де­рот на то­гаш­на­та грч­ка опо­зи­ци­ја (Јор­го Па­пан­дреу) од Алекс Рон­до (со­вет­ник на пре­тсе­да­те­лот на Гру­зи­ја), имал во свои ра­це про­ект на Аме­ри­кан­ци­те за од­ло­жу­ва­ње или отка­жу­ва­ње од га­со­во­дот „Ју­жен тек“. Пла­нот за на­пад на цел­та е дел од це­ли­от план за де­ста­би­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та под код­но име „ПИТИА 1“ и вклу­чу­ва по­ли­тич­ка не­ста­бил­ност со слу­ча­јот „Ва­то­пе­ди“, еко­ном­ска де­ста­би­ли­за­ци­ја, со­ци­јал­на де­ста­би­ли­зи­а­ци­ја ре­а­ли­зи­ра­на пре­ку раз­лич­ни фор­ми на со­ци­јал­ни не­ми­ри, вклу­чу­вај­ќи и акти на те­ро­ри­зам и раз­лич­ни проб­ле­ми во над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка.

Са­ма­рас во­ди, ни­кој не са­ка пред­вре­ме­ни из­бо­ри

Нај­но­ва­та ан­ке­та, об­ја­ве­на пред три де­на по на­рач­ка на те­ле­ви­зи­ска­та ста­ни­ца „Ме­га“, а на­пра­ве­на по по­вод ед­на го­ди­на од из­бо­ри­те и фор­ми­ра­ње­то на но­ва­та грч­ка вла­да, по­ка­жу­ва де­ка Но­ва де­мо­кра­ти­ја сѐ уште е во водс­тво. Пар­ти­ја­та на пре­ми­е­рот Ан­то­нис Са­ма­рас има под­др­шка од 21,3 про­цент од гла­са­чи­те, што е скок за еден про­цент спо­ре­де­но со но­ем­ври ми­на­та­та го­ди­на. Сле­ду­ва Си­ри­за на Ци­прас, ко­ја пред по­ло­ви­на го­ди­на има­ла ре­чи­си три про­цен­ти по­го­ле­ма под­др­шка, а тре­та по­ли­тич­ка си­ла во зем­ја­ва е про­фа­ши­стич­ка­та Злат­на зо­ра со ста­би­лен реј­тинг од 10 про­цен­ти. Пан­со­ци­ја­ли­стич­ка­та ПА­СОК има 6,7 про­цен­ти, Не­за­вис­ни Гр­ци 6,4 про­цен­ти, Ко­му­ни­сти­те 5,8 про­цен­ти, а Де­мо­крат­ска­та ле­ви­ца 5,1 про­цен­ти од гла­со­ви­те спо­ред ан­ке­та­та. Оста­на­ти­те пар­тии има­ат по­мал­ку од три про­цен­ти под­др­шка и за­се­га не­ма­ат шан­си за влез во Пар­ла­мен­тот.

Ду­ри 54 про­цен­ти од ан­ке­ти­ра­ни­те оче­ку­ва­ат во ид­ни­те две-три го­ди­ни жи­во­тот да им се вло­ши, 30 про­цен­ти да им оста­не ист, а са­мо 13,5 про­цен­ти оче­ку­ва­ат по­до­бри де­но­ви. И по­крај го­ле­мо­то не­за­до­волс­тво кај гра­ѓа­ни­те, по­ли­тич­ки­те ана­ли­ти­ча­ри го­во­рат за ста­би­ли­зи­ра­ње на си­ли­те на по­ли­тич­ки­те пар­тии. Ин­те­рес­но е што те­ма­та пред­вре­ме­ни из­бо­ри, ко­ја бе­ше акту­ел­на во це­ли­от пер­и­од од еко­ном­ска­та кри­за кај јуж­ни­от со­сед, а за ко­ја најм­но­гу го­во­ре­ше опо­зи­ци­о­не­рот Ци­прас, ве­ќе не е те­ма на рас­пра­ва. Ни­кој се­ри­о­зен по­ли­ти­чар во Гр­ци­ја не збо­ру­ва ни­ту ба­ра пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри.

(објавено во 39. број на неделникот „Република“, 31.05.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top