Белгиецот Ромелу Лукаку долго време беше најавуван како ново засилување за англискиот шампион Челси, но Жозе Мурињо успеа да го убеди да пристигне на „Стемфорд бриџ“. Иако трансферот се уште не е официјализиран, јасно е дека Манчестер јунајтед излезе како победник за робусниот напаѓач. Но, Мурињо не сака да застане тука. Сака да му го „украде“ пред нос и Бакајоко на менаџерот на Челси, Антонио Конте.
Тимуе Бакајоко исто така подолг период се најавува како потенцијално засилување за Челси, но работата се уште не е завршена. А откако Конте го стопираше трансферот на Немања Матиќ од Челси во Манчестер јунајтед, сега Жозе Мурињо тргнува по Бакајоко. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 40 милиони фунти за овој играч за врска и да го доведат на „Олд трафорд“. Ќе реагира ли сега побрзо Конте?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.