| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци

Ласина Траоре е фудбалер на Монако, кој во моментов настапува за Амиен, а според Ибрахим Коне тој користи лажни податоци и се претставува со поинакво име.

Коне е претседател на клубот Етоал од Брегот на Слоновата Коска и во минатото го ангажирал Траоре во своите редови, но тврди дека тој се вика Траоре Менене и е две години постар од она што го прикажува во моментов.

– Јас го ангажирав Траоре во 2005 година и тогаш се викаше Траоре Менене. На мое големо изненадување, тој подоцна го промени името и возраста, а тој проблем трае 13 години. Не е коректно на спортски план и започнувам правен процес против него за да се расчисти случајот. Ако федерацијата не го реши проблемот, се селиме во Спортскиот арбитражен суд во Лозана, истакнал Коне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top