Локација: Софија. Период: 12-14 јули 1935 година. Настан: Рели меѓу југословенските „Соколи“ (меѓу нив и Македонци) и бугарските „Јунаци“. Страсна трка меѓу младите автомобилџии и другарство… почнуваат да се редат песни за заедништвото меѓу нив, песни за балканска федерација, за „сиктер“ на лондонските банкари и за круните на Кобурзите…
Но, се појавува некој „ко овде није наш“, како што велат Србите.
На последниот ден од релито, од никаде се појавуваат сомнителни типови со ромбоидни глави, облечени во бело. Се нарекуваат бугарски „супремацисти“. Вооружени со дрвени палки и со синџири тие дивјачки влетуваат во софиските кафеани каде што се веселат младите Балканци и – тепаат. Сѐ по ред. Бугарските весници, диригирано известуваат за тепачки меѓу „соколите“ и „јунаците“ за меѓунационална омраза, за протерување на „Циганосрбите“ од Бугарија. Меѓутоа во Софија има и други новинари, кои знаат за што се работи и прецизно известуваат.
Горниот вовед на овој текст е парафразиран од книгата „Бугарскиот заговор“ на британскиот новинар Џозеф Свајр, дописник на „Ројтерс“ во тоа време. Оваа книга до денес е забранета во Бугарија. Свајр пишува за искомплексираноста на бугарското општество со теориите на заговор, но овде ние го преземаме овој настан како извонредна илустрација на неделата на европското кралско семејство и за трагедијата што му ја приредија (и приредуваат) на македонскиот народ – а и на другите народи. Но, претходно да го видиме заклучокот на Свајр.
Бугарските „супремацисти“, всушност, беа најтешки криминалци, кои тој ден привремено беа ослободен од софискиот затвор и вооружени со студено оружје од полицијата за да ги претепаат младите. И тоа директно по наредба на бугарскиот цар Борис. Имено, тој е тој што не е „наш“.
Целиот текст за влијанието на европското кралско семејство врз Македонија, во минатото и денес, прочитајте го во последниот број на неделникот Република, кој е веќе во продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



