| четврток, 6 декември 2018 |

Четиригодишно дете лежело две недели до својата мртва мајка додека не умрело од глад

Естер Екети Муло (24) и нејзиниот 4-годишен син Чадрак, биле пронајдени мртви во стан во Лондон.

Мајката имала епилептичен напад, а Чадрак кој боледувал од аутизам и бил нем не можел да повика помош. Детето умрело од глад.

Оваа трагедија ја потресе јавноста во Велика Британија. Медиумите го поставуваат прашањето како е можно ниедна од институциите и никој од семејството да не реагира дури две седмици. На погребот на мајката и синот имало стотина луѓе, Естер имала роднини, родители, сестри, пријатели…

Кога го пронашле лежело покрај својата мајка. Телата биле откриени по 15 дена, дури откако вујкото кренал паника дека Естер не се јавува на телефон.

– Ова отвора сериозни прашања за тоа како е можно дете во Велика Британија во 2017. година да умре од глад и никој да не забележи. Како е можно дете со таква дијагноза да не згрижено од институциите и да се дозволи да дојде до ваква трагедија – пишува „Дејли мејл“.

Чадрак одел во градинка во која не се појавил од септември. Од градинката наводно се обиделе да дознаат зошто не доаѓа, но никој не им се јавил кога ѕвонеле на интерфонот во зградата. На крајот едноставно се откажале. Сега велат дека ќе го променат протоколот во такви ситуации.

Некои пријатели на Естер сметаат дека највиновно е семејството, други ги обвинуваат властите. Соседите велат дека не слушнале никаква бука и ништо необично и дека немало ништо сомнително.

– Многу те сакавме. Им простувам на луѓето кои не обвинуваат нас, а не ја знаат вистината. Ве сакам, почивајте во мир – рекла нејзината мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top