Спасено срцето на предвреме родено бебе со тешка срцева мана, кое имало само 1.700 грама. Според порталот „Здравство24“, тимот на американски и на европски кардиохирурзи, кој од понеделникот престојува во Македонија, го спасил животот на ова скопјанче.
Од Клиниката за детски болести за „Здравство 24“ информирале дека бебенцето е во добра здравствена состојба и наскоро се очекува да биде префрлено од Детска хирургија на Клиниката за детски болести. Во моментов бебето е под надзор на стручниот тим.
Ваквите интервенции, на многу мали бебиња, не е вообичаена практика, пишува порталот. Но, скопјанчето имало среќа и успешно заздравува од операцијата, која траела четири до пет часа. Според информациите на „Здравство24“, покрај ова бебенце, овие четири дена, тимот од странски кардиохирурзи спасил уште пет бебиња и деца, кои имале тешки вродени срцеви мани.
„Во сабота ќе пристигне и американскиот ’Д-р Хаус‘, кој пред два месеца направи 10 успешни кардиохируршки интервенции. Во салата за операции постојано присуствуваат и македонски лекари, кои за три години ќе треба да почнат сами да прават вакви операции. Пред да почне проектот со американските кардиохирурзи, бебињата со тешки срцеви мани мораа да ги транспортираат на операции во странство, најголем број во Бугарија. Само една ваква интервенција чини околу 15.000 евра“, пишува „Здравство 24“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)