| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот Џордан со нетрпение го очекува настапот на претквалификациите за СП

Македонската сениорска кошаркаска репрезентација почнува ново поглавје со Јорданчо Давитков во обидот да се вратиме таму каде што припаѓаме, а првиот значаен предизвик се претквалификациите за Светското првенство каде за ривали ќе ги имаме Естонија и Косово.

За овие дуели ние ќе бидеме освежени и засилени со американскиот плејмејкер Џордан Теодор кој пред неколку дена доби пасош и официјално стана Македонец. Неговото искуство и знаење ќе ни бидат од огромна помош, а и тој самиот е возбуден што ќе го облече „црвено-жолтиот“ дрес.

– Последни три дена дома и потоа заминувам за Македонија за да се подготвам за квалификациите за СП. Премногу сум возбуден што ќе го направам овој следен чекор во мојата кариера да ја претставувам Република Македонија ова лето и во годините кои доаѓаат – напиша Џордан на „Инстаграм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top