| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ви го скрши срцето: Рече фотографирајте и почина!

 

Родителите на момчето кое починало од рак објавиле фотографија која им го скрши срцето на сите. Мајката го снимила во прегратките на неговиот татко неколку моменти пред да го испушти својот последен здив.

Имено, седумгодишниот Брејден Прескот починал од редок вид на рак, а неговите родители Стеф и Вејн Прескот на социјалните мрежи објавија потресна фотографија за да ја подигнат свеста за важноста на откривањето на раните симптоми на рак.

На малото момче од Велика Британија му бил дијагностициран невробластом кога имал две години. Неговата мајка Стеф рекла дека чувствувала дека нешто не е во ред уште на шест месеци. Брејден имал тумори на вилицата и не можел правилно да ги изговара зборовите. Се случувало со денови воопшто да не зборува ништо.

Храброто момче поминало низ дури 11 различни видови на хемотерапија, а одел на лекување и во Соединетите Американски Држави. За жал, неговото тело повеќе не можело да го издржи тоа. Само неколку минути пред да почине, Стеф го фотографирала Брајден во скутот на неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top