| четврток, 6 декември 2018 |

5.000 абортуси, 890 барања за инвитро

bebe5000 легални абортуси се спроведуваат годишно, а 890 барања за инвитро биле поднесени само во 2012 година,
Според Здравство24 овие фрапантни бројки отсликуваат колку брачни парови не можат да имаат потомство. На расправата за абортус во Собрание,  пратеничката од ДУИ Јулијана Марку, потсети дека абортусот пред првото породување ги уништува репродуктивните органи.

-Сме имале случаи кога млади абортирале, а сега веќе не може да имаат дете. Тие луѓе сега доаѓаат во Фондот за да аплицираат за вештачко оплодување. Чии солзи се поболни, на жената која бара да и се прекине бременоста или солзите на онаа што моли да добие дете, подвлече Марку, која го подржува законот затоа што, како што вели, тој е во правец на заштита на женското здравје. Според Марку, со овој закон се уредува прашањето за прекинот на бременоста, а абортусот ќе се врши само во болнички услови.

Република во утрешниот, најнов број на неделникот објавува статистика на бројот на абортуси низ годината. Податоците велат дека над 500 000 трудници се решиле на абортус. Доколку се додаде бројот на оние неевидентирани абортуси, собено аортуси направени во приватни клиники, кои се заведени како цистит или слично, податоците велат дека е абортирана половина држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top