По 13 натпревари македонската репрезентација до 21 година ја почувствува горчината на поразот. Од 11 јуни и поразот во Рејкјавик од Исланд со 3-0, избраниците на Благоја Милевски не знаеја за пораз.
Но, вечерва македонските херои против себе имаа супер-квалитетна селекција на Шпанија, која славеше со 5-0 (3-0). Во серијата од 13 натпревари без пораз Македонија по двапати ги совлада Северна Ирска, Шкотска и Украина, ремизираше со Исланд и двапати со Франција. На почетокот од оваа година до мечот со помладата генерација Македонија ги совлада Белорусија и Црна Гора.
Сепак, македонските навивачи со песна ги поздравија Бабунски, Барди, Велковски со надеж дека од вторник во Бидгошч против Португалија ќе отпочнат нова позитивна серија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.