| четврток, 6 декември 2018 |

Се очекува полн стадион на спектaклот Македонија – Шпанија

На помалку од десет часа до почетокот на натпреварот со Шпанија, во рамките на квалификациите за СП 2018, според последните информации останати се нешто повеќе од 8.000 билети во продажба.

Продадени се повеќе од 20.000 билети за вечерашниот дуел, и тоа поголемиот дел на Јужната и на Северната трибина од нашиот најголем стадион.

Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, сите љубители и навивачи на македонската репрезентација и во текот на денешниот ден можат да купат билети на три локации во близина на националната арена „Филип Втори“.

– Поставени се три продажни места: – Фонтана „Градски парк“; Кеј на Вардар зад Влада на РМ, и пешачкиот мост во близина на дискотеките во „Градски парк“. Сите три продажни места денеска ќе работат од 12 до 20:15 часот. Билетите кои се купени електронски ќе мора да се заменат за реални билети на наведените пунктови – информираат од ФФМ.

Влезовите за публиката на националната арена ќе бидат отворени од 18:45 часот, а ќе се затворат во 20:30 часот.

– Апелираме гледачите да стигнат на време за да се избегнат непријатности непосредно пред почеток на натпреварот. Билетарата на националната арена денеска нема да работи поради ограничениот безбедносен радиус околу стадионот проектиран од надлежните служби – велат од ФФМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top