| четврток, 6 декември 2018 |

Компанијата „Марс“ повлече чоколади заразени со салмонела

Според официјалното соопштение на компанијата станува збор за “мала количина” заразени чоколадни производи.

Производителот на чоколади  “Марс” повлече од пазарот во Велика Британија и во Ирска седум  серии на свои производи поради сомнение дека може да содржат салмонела.

Компанијата потенцира дека станува збор за “мала количина” заразени чоколади, а меѓу нив се трите типа млечно чоколадо “Галакси”, чоколадните дражеи и други.

Ова не е прв пат, “Марс” да повлекува свои производите од странскиот пазар.

Минатата година компанијата нареди масовно повлекување на свои десерти од марките “Марс”, “Сникерс”, “Милка Веи” и “Мини микс” од 55 држави од целиот свет, објави „Макфакс“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top