Иднините освојувачи на Марс ќе имаат два пати поголем ризик да заболат од рак, тврдат научниците од Универзитетот од Невада.
Главна причина за тоа е тоа што клетките на човековиот организам многу повеќе ќе бидат изложени на космичко зрачење.
Црвената планета веќе со децении интригира многумина, од авантуристи преку космонаути и научници. Иако никој не се сомнева во тоа дека освојувањето на Марс е прашање на години, походот на таа планета се оддолжува поради стотици мали препреки.
Сега научниците нашле една поголема препрека. Во неодамна објавеното истражување било утврдено дека космичкото зрачење во простор каде нема магнетно поле, е одговорно за двојно поголем ризик од рак и уште некои опасни болести. На Земјата не чува атмосферата, благодарение на која постои животот, но на Марс ја нема.
Но, ни тоа не е целиот проблем. Научниците велат дека Земјаните немаат доволно квалитетни скафандери за да се заштитат од штетното зрачење. Опремата која денес ја имаме не е доволно квалитетна.
За подобро да се разбере влијанието на космичкото зрачење на човековото тело во текот на подолг период, астронаутот на НАСА, Скот Кели, неодамна минал речиси една година во Меѓународната вселенска станица. Инаку, истражувањето на Марс бара минимун 900 дена, без да се смета патот кој трае повеќе од една година.
Научниците предупредуваат дека не треба да се брза со мисиите пред да се истражат сите ризици.
извор:точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.