Според официјалното соопштение на компанијата станува збор за “мала количина” заразени чоколадни производи.
Производителот на чоколади “Марс” повлече од пазарот во Велика Британија и во Ирска седум серии на свои производи поради сомнение дека може да содржат салмонела.
Компанијата потенцира дека станува збор за “мала количина” заразени чоколади, а меѓу нив се трите типа млечно чоколадо “Галакси”, чоколадните дражеи и други.
Ова не е прв пат, “Марс” да повлекува свои производите од странскиот пазар.
Минатата година компанијата нареди масовно повлекување на свои десерти од марките “Марс”, “Сникерс”, “Милка Веи” и “Мини микс” од 55 држави од целиот свет, објави „Макфакс“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Марс Инсајт“ слета на Црвената планета (видео)
-
Македонскиот радиски фестивал прославува јубилеј: Групата „Меморија“ ќе добие признание за трајни вредности
-
Кина ќе гради „марсовско село“ на Тибетанската висорамнина
-
Научниците откриваат: Одењето на Марс значи двојно поголем ризик за заболување од рак