Леталото на НАСА, вредно 993 милиони долари „Марс Инсајт“ слета на Црвената планета. По седум месеци, беспилотното летало успешно се спушти на тлото на Марс.
Мисијата на леталото е да „ги слушне“ потресите на Марс со цел научниците да можат да ги откријат нејзините внатрешни тајни и да сфатат како се создала, што би требало да помогне во откривањето како се формирани останатите карпести планети, како и Земјата. Се смета дека тоа е местото каде што „Инсајт“ ќе има најголема шанса да ги собере саканите податоци за планетата: да ги истражи составот на тлото, геодетската активност, да ја измери температурата и слично. Сензорите ќе може да ги забие и до 5 метри во длабочината на црвената планета.
Беспилотното летало е лансирано уште на 5 мај од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија и ова е прв обид на НАСА да стигне до Марс по слетувањето на Кјуриосити во 2012 година. Оттогаш, сондата трпеливо се движеше кон својата цел, на рамнината Елизиум на Марс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонскиот радиски фестивал прославува јубилеј: Групата „Меморија“ ќе добие признание за трајни вредности
-
Кина ќе гради „марсовско село“ на Тибетанската висорамнина
-
Научниците откриваат: Одењето на Марс значи двојно поголем ризик за заболување од рак
-
Компанијата „Марс“ повлече чоколади заразени со салмонела