| четврток, 6 декември 2018 |

Кина ќе гради „марсовско село“ на Тибетанската висорамнина

Кина планира на Тибетската Висорамнина да изгради реплика на површината на Марс, која ќе се простира на површина од 95.000 квадратни километри.

Поради еродираните карпи со необични облици, оваа област исклучително потсетува на пределите какви што може да се видат на Црвената планета, пишува Саут Лајна морнинг пост.

Кампот ќе има два вида „жители“: астронаути што ќе вежбаат таму, како и туристи, кои ќе можат „од прва рака“ да искусат како изгледа „живот на Марс“.

Цената на проектот се проценува на 60 милиони долари.

 

извор:Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top