| четврток, 6 декември 2018 |

Пике повторно исвиркуван: Ако не се чувствувам како Шпанец нема да играм за репрезентацијата

Шпанскиот репрезентативец и столб на одбраната на Барса, Жерард Пике, иако ја носеше капитенската трака, на пријателскиот дуел против Колумбија игран во Мурсија постојано беше исвиркан.

Тенденцијата на Каталонија да се одвои и да биде независна од Шпанија и јасната поддршка на Пике на идејата е причина за свирежите. Дефанзивецот видно нервозен се појави во прес салата, а беше исвиркан и при замената по скоро еден час игра.

– Зошто не прашувате за натпреварот, туку поважно ви е што се случи на трибините. Ако не се чуствувам како Шпанец, не би настапувал за репрезентацијата – изјави Пике.

Шпанската делегација утре пристигнува во Скопје и со сериозни проблеми ќе гостува против Македонија во квалификациите за Светското првенство во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top