Македонскиот шампион Вардар синоќа го направи најголемиот успех во својата историја откако успеа да слави на завршниот ракометен турнир на Лигата на шампионите.
Вардарци до овој голем успех стигнаа по тешките победи над Барселона во полуфиналето и ПСЖ во големото финале. На овој турнир одбраната на Гонзалез беше гранитна, но најголемите заслуги за овој голем успех одат во хрватското дуо Циндриќ-Чупиќ, кое ги постигна двата решавачки гола на двете средби, а токму овие погодоци се најдоа на првите две места на ТОП 5 гола на Ф4 турнирот во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.