Навивачите реагираат на однесувањето на Жерновски, кој побрзал во хотелот „Радисон блу“ во Келн и ги чекал ракометарите и сопственикот на клубот Самсоненко да се фотографира со шампионите.
Пред три години кога Самсоненко на јавна аукција купи локација зад источната трибина за да изгради младински тренинг-центар, Жерновски држеше прес-конференција пред националната арена „Филип Втори“, на која не штедеше навреди дека Груевски и Самсоненко се договориле Самсоненко евтино да ја купи локацијата и да градат заедно згради наместо младински тренинг-камп.
Свесно лажеше. Знаеше дека никој друг не се јави на аукцијата, иако беше слободно за секој. Затоа беше поевтино земјиштето. Знаеше и дека во ДУП е предвидено исклучиво спортско игралиште и дека не може да се градат згради. Сè му беше јадно, само бидејќи е измамник, лажеше со умисла.
Во меѓувреме тренинг-кампот на ФК Вардар е изграден и функционира, а од него ќе излезат стотици млади фудбалери, РК Вардар стана европски шампион, а Жерновски седи во „Радисон блу“ во Келн и без срам чека да се слика со шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.