| четврток, 6 декември 2018 |

Канелјас за шпанска „Марка“: Вардар ни должи пари

Ракометарот на Вардар, Жоан Канелјас, во интервју за „Марка“ ја отворил душата и проговорил за финансиските проблеми со кои се соочува европскиот шампион.

– Веќе извесен период велат дека ќе ни го исплатат она што ни го должат, но тој ден никако да дојде. Веруваме во зборот на претседателот дека ќе ни исплати се или поголем дел од она што ни се должи до крајот на месецот. Не ни се познати причините зошто се доцни со исплатата, бидејќи ние не веруваме дека има некои економски проблеми, рекол Канелјас.

Играчот кој минатиот месец со Шпанија ја освои европската титула има договор со Вардар кој истекува во јуни 2019 година, но поради неизвесната финансиска ситуација во која се наоѓа клубот не крие дека размислува и за други опции.

– Сите играчи кога ќе почувствуваат дека работите се малку соминтелни треба да си ја рзгледаат и втората опција за нив и нивните семејства. Тука (Скопје) ми е многу пријатно, но секогаш треба да имаш план „Б“, вели Канелјас за „Марка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top