| четврток, 6 декември 2018 |

Локални избори на 15 октомври, изменет е Изборниот законик

Во Собранието денеска беа усвоени измените на Изборниот законик со кои што локалните избори за градоначалници и за советници ќе се одржат на 15 октомври. Со измените, продолжен е и мандатот на градоначалниците и на советниците до одржувањето на наредните локални избори.

По обидот за убиство на поранешниот пратеник и министер за здравство Никола Тодоров, на денешната расправа и гласање во Собранието не присуствуваа пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top