| четврток, 6 декември 2018 |

Кацин: Преговорите со ЕУ треба да почнат со Македонија, а не со ПЈРМ

Тој воедно ја обвини Македонија дека грчкото вето, е само изговор за македонските лидери за неспроведување на реформи кои ги бара ЕУ

jelko_kacin1

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, денеска во Брисел, организирал панел дискусија за напредокот на Македонија, јави Радио Слободна Европа (РСЕ). На дебатата, од страна на вицепремиерот за евроинтеграции на Македонија, Фатмир Бесими, бил поканет и европратеникот Јелко Кацин. Како што пренесува РСЕ, Кацин оценил дека преговорите за членство во ЕУ, треба да почнат со Македонија, а не со ПЈРМ. За Кацин, грчкото вето, е само изговор за македонските лидери за неспроведување на болните и тешки реформи кои ги бара ЕУ.

„Верувам дека македонските лидери треба да направат се што можат за да ја одблокираат интеграцијата. Ако тоа значи прифаќање на име со географска одредница, тогаш нека биде така. Македонските граѓани не можат да просперираат со рефлексии од античкото минато. Она што им треба на Македонците е конкретен план како да ја започнат економската обнова, која е можна само во рамките на поширока регионална и европска интеграција“, рече Кацин јавува РСЕ.

Според него лидерите во Македонија треба да ги унапредат не само демократската култура, туку и ефикасноста и независноста на државните институции, а мора да го унапредат и политичкиот дијалог.

За Кацин локалните избори во Македонија биле оценети како добро администрирани, но не и како фер и демократски. Кацин изразил и загриженост за состојбата со медиумите во земјава и според него повикувајќи се на извештајот од Репортери без граници, истакнал дека Македонија стана најзагрижувачки пример во Европа во 2013-та година поради арбитрарното одземање лиценци и влошувањето на амбиентот за работа на новинарите, со што во индексите за слобода на медиумите, падна за 22 места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top