| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Дон Жуан“ во режија на Андреј Цветановски во Битолски театар

Битолскиот народен театар вечер ќе ја изведе петтата премиерна претстава во оваа година, претставата „Дон Жуан“ од Молиер во режија на Андреј Цветановски.

Во претставата ќе настапат актерите Дамјан Цветановски, кој ја игра улогата на Дон Жуан, Сергеј Димовски, Борис Чоревски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Борче Ѓаковски, Сандра Грибовска, Петар Спировски и Ангела Димитрова.

– Процесот на подготовката на премиерата се одвиваше одлично и мислам дека подготвивме извонредна претстава која ќе им се допадне на гледачите. За мене е голем предизвикиот да се игра ликот на Дон Жуан, еден од најголемите ликови во историјата на драмите и мисла дека најдов клуч за тоа како ликот размислува и дише, а за тоа имав и голема поддршка од ансамблот на Битолскиот театар, истакна носителот на главната улога во претставата, актерот Дамјан Цветановски.

Сценографијата за „Дон Жуан“ ја подготви сценографот Сергеј Светозарев, костимографијата е на Марта Дојчиновска, музиката на Димитар Андоновски, а адаптацијата на ова молиерово дело ја изврши Дарко Јан Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top