| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија добро треба да се испоти ако сака да стигне на СП во Кина

kosarkari-mk-640x294

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра во претквалификациите за Светското првенство кое во 2019 година ќе се игра во Кина и има долг пат ако сака да биде дел од Мундобаскетот.

Досега, нашата земја нема играно на ниту едно СП. Според новиот квалификациски систем, до главната фаза има три рунди, вклучувајќи ги и претквалификациите. Првата фаза, или претквалификациите, се играат во август (2 – 19 август), а учество ќе земат 13 селекции, меѓу кои е и Македонија. Осум од нив ќе обезбедат пласман во втората квалификациска фаза, каде групите се веќе извлечени.

Втората квалификациска фаза ќе се игра од 20 ноември до крајот на јуни, а најдобрите 24 тима од квалификациите, или трите најдобри од секоја група, ќе одат во третата рунда каде ќе бидат формирани четири групи по шест репрезентации. Пласман на СП ќе обезбедат по три најдобри селекции од секоја група, или вкупно 12 европски селекции ќе бидат дел од Светското првенство кое се игра во Кина.

kvalifikacii za SP

На Светското првенство ќе настапат 32 репрезентации, вклучувајќи го и домаќинот Кина. „црено-жолтите“ во претквалификациите во групата Ц се заедно со селекциите на Естонија и Косово, а нов предводник на репрезентацијата е Јорданчо Давитков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top