| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерите на Вардар по трет пат се радуваа на шампионски трофеј

Трета година по ред, Вардар му се радува на шампионскиот трофеј, избраниците на Гоце Седлоски полесно од очекувањата го одбранија насловот шампион на Македонија.

На четири кола до крајот, „Црвено-црните“ математички ја потврдија титулата и тоа во голем стил, со победа од 6-0 над Македонија ЃП.

Резултатот беше отворен по пет минути игра, Блажевски погоди од пенал за 1-0.

Со головите на Николов и Којашевиќ, Вардар на полувреме замина со предност од 3-0.

Блажески во 52. минута најави тежок пораз на Македонија ЃП, а противникот потоа го дотолчија Барсегјан и Боарето.

Па последниот свиреж на судијата можеше да почне големо славје, за третата титула во низа и 11. во клупската историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top